Категории

Која е поздравата опција: карфиол или брокула?

Брокулата и карфиол се вкусни видови зеленчуци кои се сметаат за едни од најздравите.

Тие можат да бидат подготвени на различни начини, да се додадат во различни јадења или да се користат како главно јадење. Сепак, се поставува прашањето – која намирница е поздрава и подобра? Подолу откриваме …

 

Здравствени придобивки од брокулата:

Многу лекари и нутриционисти се согласуваат дека зеленчукот, како брокулата, е исклучително важен во исхраната заради неговата висока нутритивност – богат е со витамини и хранливи материи кои „ја подобруваат работата на срцето, се борат со ракот и го балансираат шеќерот во крвта“. Исто така, содржи пониско ниво на калории, а многу растителни влакна, така што личноста што го консумира ја одржува подолго време сита. Згора на сето тоа, брокулата има и прилично големо  количество на протеини, за разлика од остатокот од зеленчукот.

– го намалува нивото на холестерол

– го подобрува и штити видот

– ги прави коските силни

 

Здравствени придобивки од карфиолот:

Карфиолот е богат со витамин Ц и Л, калциум, фолна киселина, калиум и растителни влакна. Исто така, содржи фитонутриенти кои го зајакнуваат имунитетот, имаат анти-старосни ефекти и се борат со ракот.

– е одличен извор на антиоксиданти

– може да помогне во губење на тежината

 

Кој е поздрав?

Кога станува збор за хранливи материи, брокулата се истакнува малку повеќе од карфиол благодарение на импресивната количина на калциум, витаминот К и растителните влакна. Сепак, двата вида зеленчук содржат малку калории и имаат многу хранливи материи како што се фолат, манган, протеини и други витамини. Тие се прилично разновидни и можат да се користат во секоја диета. Но, ако мораме да избереме само еден – тоа треба да биде брокула.

 

Зеленчукот што припаѓа на групата зелка, вклучително и брокулата, карфиол, кељот, зелката  итн., се одлични за решавање на проблемите со воспалителните процеси, бидејќи тие се сметаат за сулфурни, затоа што тие ја поддржуваат метилацијата – биохемиски процес на нашето тело што го регулира воспалението и го одржува процесот на детоксикација на оптимално.

 

Како можат да се подготват?

Веќе ви кажавме дека карфиолот и брокулата се многу разновидни, а со тоа и нивните методи на подготовка.

– можете да ги јадете сирови со малку зачини;

– варени или барени на пареа

– како замена за нездрава храна во сите нејзини форми

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
745
Објавено на:
09.10.2019