Категории

Која е тајната на долгиот живот? Како да доживеете длабока старост?

Италијанката Ема Морано е последниот човек кој живеел во дваесеттиот век од првиот до последниот ден и дури 17 години во овој век. Тајната на здравиот живот била, како што самата кажува – живот без грижи кои ги предизвикуваат мажите.

Доживеала 117 години, ги преживеала двете светски војни и една голема љубов. Ема Морано живеела од 1899 до 2017 година, во град во близината на Милано. Меѓутоа која е нејзината тајна?

Одрекување од мажите за долг живот

Најстарата жена во светот изјавила декка клучот за долг и здрав живот е тоа што живеела без маж и секој ден јадела по две сирови јајца. Меѓутоа, не била осамена – имала негувателка која се грижела за неа и внука со која била во многу добри односи. За да може да ја преживее заедно со своите седум браќа и сестри кризата по војната, почнала да работи кога имала само 14 години. Нејзиниот татко ослепел за време на Првата Светска војна и не можел да заработува за да го прехрани семејството.

Додека била млада, утеха од тешката ситуација наоѓала во тангото и валцерот. Така ја запознала и својата голема љубов, се вљубиле и набргу се вериле. Меѓутоа, нејзиниот вереник учествувал во војната и никогаш не се вратил. Поради тогашните општествени вредности, Ема била приморана да се омажи, па пронашла друг маж во кого не била заљубена.

Бил насилен и често ја злоупотребувал. По смртта на нивното бебе не можела да живее повеќе со тој маж и го напуштила. По сите овие трагедии, живеела сама и неверојатно долго до крајот на животот…