Оваа девојка го постигна тоа што ниту една македонска ѕвезда досега го нема постигнато. Нејзиното видео на „Јутјуб“ има рекордни 15,365,735 прегледи.
Јана Петровска е кореограф и танчерка, дел е од „Beatrix crew” и има освоено бројни награди на меѓународни натпревари во танцување, самостојно и групно. Највеќе и лежи хип хоп танцувањето, па затоа и работи како инструктор по хип хоп. Желба и е во Скопје да отвори хип хоп академија за да може сите љубители на овој стил да можат да студираат кај нас.
Вели дека видеото од нејзиниот настап и помогнало да оствари контакти со многу танчери низ светот и секако и било од голема помош во напредување во кариерата. Со „Beatrix crew” постојано редат успеси и освојуваат награди, а нејзината колешка Ивана Балабанова веќе стана и амбасадор на „Nike Air Max”.
Погледнете го видеото кое е најгледано македонско видео на „Јутјуб“:
Извор : makedonijadenes.com.mk