Категории

Со која позната дама го делите вашиот стил според хороскопот? (фото)

Девица

За разлика од Лавот, жените родени во знакот Девица оставаат впечаток на совршени дами, на кои сè им е на свое место. Тие се мајстори на редот, сакаат да живеат и работат во совршено уредна средина, а кога е во прашање гардеробата, големо внимание обрнуваат тоа што го носат на себе да биде едноставно, избрано со вкус и мерка, без некои екстремни промени. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Бијонсе, Камерон Дијаз, Блејк Лајвил.

Вага

Вагата се смета за еден од најелегантните хороскопски знаци, дами кои во моментот кога ја напуштаат просторијата оставаат зад себе облак од парфем за да ве потсетува на нив. Вагите се посебно посветени на својот физички изглед, често се перфекционисти и сакаат да бидат видени во модните кругови. Секогаш во тренд, често модни стручњаци за сечиј изглед и модни музи и инспирација за модниот свет токму поради нивните особености. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Гвинет Палтроу, Наоми Вотс, Кејт Винслет.

Шкорпија

Жените-Шкорпии се најстрастниот знак, посебно кога станува збор за гардеробата по која точно можете да ги препознаете. Тие обожаваат да носат провокативни парчиња посебно во вечерните комбинации заради сексапилот кој го сметаат за нивна врвна особина. Составен дел од нивната сексапилна природа е флертувањето, па затоа облеката ја користат како главен адут. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејти Пери,, Џулија Робертс, Ен Хатавеј.

Стрелец

Жените родени во знакот на Стрелецот се вечни оптимисти, со слободен дух кој посебно доаѓа до израз кога станува збор за нивниот стил на облекување (Мила Јовович). На овие жени не им се важни трендовите и она што е во моментот актуелно во светот на модата. Тие се раководат според некој сопствен стил кои го градат некаде во подоцнежните години, до кога прилично лутаат со стиловите. Најпроверена комбинација им се брендираните фармерки, патики или чизми и совршени очила за сонце, како доволен моден детаљ. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејти Холмс, Скарлет Јохансон, Тејлор Свифт.

Јарец

Жените-Јарци се во најмала рака авангардни, тие имаат држење како припаднички на високите елитни слоеви (Кејт Мидлтон), а гардеробата во овој случај игра споредна улога. Тие се жени кои пленат со природната убавина, кои се безусловно заљубени во класичниот и едноставен стил, а што се однесува до боите, никогаш нема да ги видите во нешто шарено затоа што тоа е премногу кич за нивниот вкус. Кога станува збор за накитот, типичните претставнички на овој знак никогаш не сакаат да претеруваат со какви било детали. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Кејт Мос, Сијена Милер.

Водолија

Водолиите се прекрасни жени! Тие се најчесто типови жени кои претставуваат музи за модните креатори. Ова се жени кои не се облекуваат по најнова мода и не ги пратат модните трендови бидејќи за нив тоа е минлива категорија. Тие ќе го облечат она што никогаш не би помислиле да го облечете, како тренерки и чевли, елегантни чевли и дебели чорапи и слични комбинации заради кои сите ги гледаат како да се од некој паралелен свет, но со текот на времето почнуваат да ги диктираат тие луди модни комбинации. Имаат неверојатна моќ да ги предвидуваат модните трендови за претстојниот период, па затоа типичните претставници на Водолиите се одлични модни советници за тоа што може да биде модерно во блиска иднина. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Алиша Киз,, Џенифер Анистон.

Риби

Рибите се прилично сензуални дами, вечни сонувачи кои својата природа вешто ја изразуваат преку гардеробата која ја носат. Овие сакаат лесна, лелеава облека, светкави парчиња во сина, светлозелена, виолетова и тиркизна боја, кои совршено им одговараат. Често жените-Риби ја користат секоја прилика за да облечат свечен фустан или здолниште пред панталоните, кои не им се омилено парче облека. Фетиш на типичните Риби се високите потпетици. Имаат бесконечен број чевли во својот орман, кои ги комбинираат со хулахопки во различни бои и дезени. Овие жени знаат да се трансформираат со помош на облеката, соодветно на пригодата за која се подготвуваат. Познати жени кои се родени во овој хороскопски знак се Ријана, Ева Лонгорија и многу други.

Извор : Македонија Денес

1 2

Прегледи:
841
Ознаки:
· ·
Објавено на:
11.06.2017