Категории

Кокос бомбици со бело чоколадо: Магија на вкусови кои се топат во уста!

Во продолжение прочитајте за поедноставната верзија на рецептот за кокосови бомбици во кои млекото во прав е заменето со бело чоколадо

Состојки:

  • 100 гр. кокос
  • 300 гр. бело чоколадо
  • 1,5 дл слатка павлака
  • кокос за валкање

Подготовка:

  • Белото чоколадо најпрво искршете го на коцки.
  • Потоа загрејте ја павлаката додека не зоврие и истурете го врз чоколадото.
  • Смесата промешајте ја со дрвена лажица додека чоколадото не се растопи и се соедини со павлаката.
  • Додадете го кокосот во смесата со чоколада и павлака и оставете да се излади на собна температура.
  • Откако смесата ќе се излади, ставете ја во ладилник еден час.
  • Кога ќе се излади, извадете ја смесата од фрижидер и со лажица измешајте ја смесата, а потоа формирајте мали бомбици со рацете и извалкајте ги во кокос.
  • Продолжете со обликување на бомбиците сè додека не ја потрошите смесата.
  • Кога ќе ги обликувате, обавезно чувајте ги на ладно место.
Прегледи:
1432
Објавено на:
08.01.2020