Брендот создаден од страна на Maria Dobrzanska Reeves, балерина која живее во Њујорк, ги освои срцата на сите модни фанатички ширум светот. Луксузната колекција костими за капење вклучува уникатни парчиња во бохо стил во прекрасна палета на бои кои дамите ги обожаваат. Брендот Marysia Swim, се проби во 2016 година, и преку ноќ стана еден од брендовите со најголема продажба. Погледнете како изгледа најновата колекција на младата дизајнерка која наскро ќе ја видиме на модните блогови на многу познати трендсетерки ширум светот.