Модниот бренд Zara секогаш маѓепсува со своите кампањи поместувајќи ги границите на убавото, овој пат посебно не воодушеви и помалку не шокира представувајќи ни ја колекцијата за есен/зима. Главна улога во кампањата играат фантастичните чипкани фустани, шљокици, прекрасните ретро кроеви, есенски капути, волшебните дезени и принтови.. Судејќи по овие фотографии оваа есен/зима во потписот на Zara ќе биде абсолутно неодолива. Уште една причина повеќе да уживаме во студенилото бидејќи оваа колекција од соништата ќе направи да се чувствувате како да сте влегле во топла есенска бајка.