Категории

Колкава е платата на Обама?

Претседателот на САД – Барак Обама, зема плата од околу 400 илјади долари годишно, пишува Business Insider.

Згора на тоа, тој добива и дополнителни 50 илјади долари за трошоци по негова проценка.

Првиот претседател на земјата – Џорџ Вашингтон, печалеше по 25 илјади долари годишно, во далечната 1789 година. Гледано од денешен аспект, тоа би биле околу 600 илјади долари.

Меѓу 1789 и 2016 година, приходите на американските претседатели се зголемиле за пет пати. Последен пат тоа се случи во 2011 година, кога беше одлучено годишната плата да се зголеми од 200  на 400 илјади долари.

Не само што Обама може да живее само од плата, туку таа му е доволна за да го смести меѓу најдобро платените 1% од луѓето во САД.

Сеедно, Обама си има и приходи. Во 2011 година пријавил 790 илјади долари приход, од кои голем дел (покрај платата) се должи на инвестиции и хонорари од продадените книги.

Кон приходите на семејството Обама треба да се додадат и бесплатниот превоз и животот во Белата куќа. Од друга страна, по крајот на мандатот, на Обама му се гарантирани по 200 илјади долари годишно до крајот на животот, канцеларија и здравствена заштита.

Прегледи:
433
Објавено на:
22.02.2016