Категории

Колку храна треба да јадете за да ја примите дневната доза на витамините?

Овошјето и зеленчукот се исклучително корисни за нашето здравје. Но колку храна треба да јадеме за да ја примиме дневната доза на потребните витамини?

Витамин А
Витамин А го успорува процесот на стареењето, ја зачувува еластичноста на кожата. Недостаток на витамин А се манифестира во кршливи нокти. Препорачана количина е еден милиграм дневно.

Витамин Ц

Витамин Ц е од суштинско значење за здравјето на нашите коски и еластичноста на кожата. Неговиот недостаток лесно може да се види во состојбата на забите; прво доведува до крварење на непцата, а потоа и до губење на забите. Препорачаната количина е 80 милиграма дневно.

Витамин Д
Овој витамин игра важна улога во формирањето на нашиот скелет, помага при правилна работа на срцето и целиот нервен систем. Недостатокот на витамин Д може да доведе до рахитис кај децата. Вредноста на дневната исхрана е 2,5 микрограма.

Калиум
Калиум е одговорен за намалување на задржувањето на водата. Недостатокот на овој витамин доведува до отоци и кардиоваскуларни болести. Дневната доза е 2.500 милиграма.

Калциум
Недостаток на калциум доведува до “спонтано” кршење на коските и забите. Калциумот не може да се апсорбира без магнезиум, витамин Д и протеини. Дневната доза е 1.250 милиграми.

Железо
Мали количини на железо во телото доведуваат до анемија. Дневната доза е 15 милиграми.