Категории

Колку нешта останале неискажани мислејќи дека имаме време?

Колку неисречени зборови останале кои сме сакале да му ги кажеме некому, но не сме го направиле тоа затоа што сме мислеле дека има време?

Колку неискажани желби, неизразени нежности, невозвратени чувства, пригушени мисли, затоа што не сме се чувствувале доволно подготвени за да го живееме животот во потполност. Не сме имале доволно храброст јасно да ги искажеме нашите приоритети и да се покажеме онакви какви што сме и вистински се чувствуваме. Сме можеле, но неизговорените зборови болат најмногу.

Колку од тоа што не правено да се чувствуваме непријатно, нервозно, неисполнето, останало сокриено, со цел да избегнеме некој несакан конфликт или недоразбирање. Колку денови, месеци, години поминале без да се сетиме колку всушност време поминало од кога последно сме се чувствувале убаво, сме поминуваме пријатни моменти и сме имале длабоки чувства во нашите односи. А само требало да кажеме колку ни било грижа и едноставно да изговориме само еден збор – „извини“.

Колку од нас мислејќи дека имаме време да ги исправиме нештата сме дозволиле да останат онакви какви што се? А се можело да биде многу поинаку.
Никој од нас не знае кога ќе дојде неговиот последен миг и затоа немојте да го трошите времето и чувствата на нешта кои не ве прават среќни, на односи кои не ве исполнуваат, на случувања кои немаат никакво значење.

Да го искористиме ова малку време кое го имаме сега, за да патуваме, создаваме, сакаме, истражуваме и да го направиме овој свет барем малку подобро место за живеење.
Немојте да го пропуштите денешниот ден да му кажете на вашите сакани колку ви значат, можеби нема да има друга шанса а вината тежи повеќе од се.
Еднаш кога нашиот песочен часовник ќе истече, нема да жалиме за нити еден искажан збор, туку за оние кои сме ги потиснале длабоко во себе.