Категории

Колку повеќе молчиме толку повеќе слушаме – Колку всушност знаеме за луѓето околу нас?

Колку навистина слушаме? Кога ќе сретнеме сосед велиме: Добар ден. Како си? Дали сме навистина заинтересирани?
Одговорот е во повеќето случаи според дифолт: Добро. А вие?

И сè е во ред. Но, што ако некој запре и започне да ни кажува навистина како се чувствува, што го угнетува, што го прави среќен, од каде започна сето тоа, кој го нервира.. Дали би имале време и волја да го слушаме сето тоа? Дали би одвоиле време за коментар или советување?

Време е да се промениме и да продолжиме понатаму. Време е да бидеме искрени до крај. Ако веќе не сакаме да слушаме, зошто прашуваме?
Колку повеќе молчите, толку повеќе слушате.

Прегледи:
457
Објавено на:
07.06.2021