Категории

Колку повеќе молчиш, толку повеќе ќе слушнеш

Колку навистина се слушаме едни со други? Кога ќе се сретнеме со соседот велиме: Добар ден. Како сте? Но, дали навистина нѐ интересира?

Одговорот најчесто е: Добро, а вие комшивке?

И сѐ е добро. Но, што ако некој застане и навистина почне да ви раскажува како се чувствува, што го мачи, што го радува, каде тргнал, што го нервира… Дали би имале време и волја да го слушаме? Дали би одвоиле време за некој коментар или совет?

Време е да ги исфрлиме сите изреки кои ништо не значат. Време е да бидеме искрени до крај. Ако веќе не сакаме да слушаме зошто тогаш прашуваме?

Колку повеќе молчиш, толку повеќе слушаш…

Прегледи:
427
Објавено на:
15.09.2021