Категории

Колку средби се доволни за да сфатите дали сте создадени еден за друг

„Новите“ партнери во почетокот на врската просечно се гледаат два пати неделно, а во кревет ќе завршат обично после две седмици излегување.

Кој е првиот чекор во врската на која се одлучувате? Дали е тоа признавање дека сте заљубени? Или ќе кажете дека тоа е мажот/жената на вашиот живот? Или ќе одите заедно во кревет после првиот или вториот состанок?

Британските научници направиле анкета во која учествувале повеќе од 100,000 луѓе, со цел да ги испитаат навиките кога е во прашање заљубувањето во потенцијалниот партнер. Во анкетата исто така било откриено дека паровите се одлучуваат за прв секс најчесто после четвртиот состанок. Меѓутоа, првиот бакнеж паѓа после вториот состанок и тоа веќе во првата седмица од „врската“.

Магичните зборови „те сакам“ се изговараат во просек после 14 средба – без оглед на тоа дали партнерите веруваат во љубов на прв поглед или не.

„Новите“ партнер се гледаат во почетокот на врската просечно два пати неделно, а во кревет ќе завршат после две недели излегување. Новата партнерка или партнер со друштвото на партнерот се запознаваат после шест состаноци, а родителит еќе бидат претставени после шест седмици – ако врската тргне во сериозна насока.

Потребни се најмалку 60 средби, открива анкетата, паровите да сфатат дали се создадени еден за друг и дали нивната врска има потенцијал, односно, дали би можеле да започнат заеднички живот.

Прегледи:
598
Објавено на:
24.10.2020