Категории

Колку влијае вашиот хороскопски знак на физичкиот изглед?

Лавовите имаат густа коса, а Рибите симетрично и совршено обликувано лице. Секој хороскопски знак има некоја карактеристика по која е препознатлив. Откријте кои се тие…

Овен

Бидејќи сакате да се натпреварувате и да поминувате време во природа, најчесто сте атлетски градени со изразени мускули. Ако сте родени во овој знак, најчесто обожавате планинарење, трчање, возење велосипед или некоја друга активност на отворено.

Без обзир на бојата на очите, во вашите очи секогаш гори оган како потсетник на неверојатната количина на енергија која ја поседувате.Секогаш имате придушена насмевка на усните која одговара на вашиот внатрешен оган. Тоа е така бидејќи секогаш сте подготвени за следниот предизвик и во потрага сте по некој со кој ќе можете да се натпреварувате.

Бик

Како и вашиот знак, така и вашето тело е силно. Можеби не сте највисоки во друштво, но сигурно сте најсилни, а често ве опишуваат како згодни и стабилни.

Вашиот физички изглед зависи од двве карактеристики на Биковите, па зависи која е подоминантна кај вас – доколку сте опуштени имате вишок килограми, или сте агресивни со атлетско тело.

Близнаци

Близнаците сакаат да го менуваат својот изглед според пригодата. Не е важно дали се работи за излегување, одење на работа или само одење на кафе, Близнаците внимателно ја одбираат својата облека така што ќе ги нагласат своите атрибути и моменталното расположение.

Близнаците во принцип немаат изразен стил на облекување, тоа за нив зависи од расположението и условите во кои се наоѓаат. Она што е исто така карактеристично за нив е љубопитните очи и карактеристични раце.

Рак

Ракот е познат како бебето помеѓу хороскопските знаци, има совршена мека кожа, полни образи и јасни округли очи. На прв поглед изгледате како добра душа која е секогаш насмеана и расположена, а вашата висина (која најчесто е потпросечна) го зголемува тој впечаток.

Луѓето околу вас често добиваат потреба да ве гушкаат и галат, без обзир на годините. Дури и кога не изгледте незрело, луѓето околу вас имаат потреба да ве заштитат.

Лав

Вие сте крал/кралица во вашето опкружување, и доколку некој има проблем со тоа, слободно може да си оди. На луѓето јасно им давате до знаење дека највеќе се сакате самите себе и дека секогаш ќе си бидете на прво место.

Препознатливи сте по густата коса (и кај мажите и кај жените), изразени очи, а нозете и рацете ви се силни и мускулести. Дури и кога се одмарате, што е многу честа појава кај мажите Лавови, оддавате впечаток дека сте спремни на агресивно однесување доколку некој се осмели да ви се приближи и да ви го поремети мирот.

Девица

Доколку сте жена Девица тогаш изгледате скромно. Доколку сте маж Девица, тогаш сте опседнати со вашето лице и секојдневно бричење. Девиците ретко кога имаат потреба за промени, особено кога се работи за косата – ретко ја бојадисуваат, негуваат природен изглед и природна боја на коса.

Сакате уреден живот, кој ви оозможува и витка линија. Полека се движите, а Девиците се познати и по своите деликатни раце и долги прсти и елегнтни движења кои секогаш привлекуваат внимание кај спротивниот пол.

Вага

Вие сте нежни и меки, а чесноста  за вас е особено важна особина. Без оглед на физичките карактеристики, секогаш оставате впечаток како нежна и пријателски расположена личност.

Повеќето ваги имаат светла нијанса на коса, светли очи и тен. Имате витка линија и се движите со одредена софистицираност. Како и жените Девици и Ракови, исто така и вие сте многу феминизирани.

Шкорпија

Сите шкорпии сакаат да видат и слушнат потврда за тоа дека нивниот поглед ги плаши и најхрабрите. За нив ништо не може да остане незабележано и лесно проценувате луѓе. Често имате темна коса и очи.

Имате тенки усни кои се во форма на полу-насмевка во поголем дел од времето. Шкорпиите најлесно се препознаваат по беспрекорниот изглед, совршените комбинации на облека со кои се секогаш подготвени да импресионираат или да го заплашат противникот.

Стрелец

Стрелецот остава сличен впечаток како Бикот и Овенот. Поседувате натпреварувачки дух, како и Овенот, а физичкиот изглед го делите со Бикот – имате агресивна енергија која морате негде да ја искористите. Сакате да поминувате време на отворено и често се предизвикувате себеси да бидете подобри, побрзи, попаметни.

Природно сте многу мускулести, а во склад со вашиот темперамент и постојаните предизвици кои си ги поставувате, вашето тело го прати секој предизвик по кој е уште појако и издржливо. Заеднички атрибут на сите Стрелци е тоа што имаат силни и мускулести нозе.

Јарец

Јарецот се препознава на прв поглед. Имате долгнавесто лице и остри јаболчници, на кои не им е потребно дополнително нагласување.

Без разлика дали се работи за маж или жена, секој Јарец изгледа како филмска ѕвезда родена за улогата на негативец. Целото тело под вратот е силно и мускулесто.

Водолија

Родени бунтовници, први од сите знаци ќе експрериментираат со бојата на косата, пирсинг или тетоважи. Исто така, Водолиите во просек се највисокиот хороскопски знак. Но, не сте и најсилни.

Лесно ќе ве препознаат по замислениот поглед и чувство на самодоверба и љубов кон себеси без обзир како сте облечени.

Риби

Рибите имаат меко и флексибилно тело и тоа највеќе поради големата љубовкон водата, пливањето и секој вид на морски активности. Немате голема мускулна маса, но без обзир на тоа сте многу жилави и издржливи.

Лесно е да ве препознаат по деликатните раце и нозе. Рибите имаат убаво симетрично лице, на кое се е правилно наместено, точно како кај рибите.