Секоја девојка која ја сака модата, естетиката и кокетирањето со стиловите во својот плакар мора да поседува барем еден бар Converse платнени патики чие популарно име е „старки“. Иако кога настанаа пред 100 години беа за целите на спортската облека, денес овие култни патики се симбол за урбаност и спортска елеганција.
Во нашата галерија ви претставуваме широк спектар да комбинации со старки претставени од модните следбенички и блогерки ширум светот, каде сигурно ќе пронајдете инспирација како овие патики да бидат дел од вашиот секојдневен аутфит без разлика дали сакате да изгледате лежерно или елегантно.