Категории

Конечно му се насмевнала среќата: Невработен 55 годишен маж, кој неодамна бил оставен од девојката, освоил на лотарија 9,3 милиони фунти!

Пол Лонг е 55 годишен човек, фудбалски навивач кој има три деца, нема работа и неодамна раскинал со неговата партнерка со која бил пет години. 

Сега тој насмеан го држи чекот од скоро 10 милиони фунти кои го освоил на Националната лотарија на Британија, откако се чинело дека ништо во животот не му оди како што треба.

Живеел заедно со неговата 52 годишна девојка пет години во нивниот дом во Викфорд, а се разделиле пред некоја недела. Тој првично мислел дека освоил 9 илјади фунти, а не 9 милиони, пресреќен е и вели дека ќе направи се за неговото семејство и неговите пријатели на кои им треба помош.

Дали на неговата бивша и е криво што веќе не се заедно? Сигурно, но тој вели дека можеби ќе ја однесе на вечера или на патување.

Како и да е, овој човек имал неверојатна среќа, па така не губете надеж, не знаете кога ќе ви се насмевне среќата.

 

Прегледи:
401
Ознаки:
·
Објавено на:
29.03.2018