Категории

Конечно откриен идентитетот на Грдиот гол човек од “Пријатели”

Дури и да не сте биле фан на серијата “Пријатели” (што е скоро невозможно), сигурно сте слушнале за Грдиот гол човек.

Тој беше соседот кој беше цело време гол, а иако беше спомнуван многупати низ серијата, никогаш не беше откриено кој е точно тој.

Најчесто можевме да ги видиме само реакциите на Моника, Џои, Чендлер, Фиби, Рос и Рејчел кога го гледаат, а во две прилики можевме да го видиме и карактерот, но никогаш и неговото лице.

Сѐ до сега! Имено, репортерот на “Huffington Post” поминал цела година барајќи го човекот кој го играше Грдиот гол човек.

Со години гледачите мислеа дека тоа е актерот Мајкл Хагерти, кој го играше хаусмајсторот Тригер во шоуто, но не беа во право.

Истрагата покажа дека Грдиот гол човек е всушнот човекот по име Џон Хауген. Тој глумел како дополнителен актер во шоуто, а никогаш неговото име не било пишано никаде, затоа што продуцентите сакале човекот да остане мистерија.

Па, ред е да ви покажеме во кого пријателите гледаа целото ова време! Ви го претставуваме Грдиот гол човек од “Пријатели”!

Прегледи:
447
Објавено на:
02.06.2016