Категории

Концерт по повод годишината од смртта на Делчев

Филхармонија в четврток, на 6 мај 2021, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова. Диригент е Христо Христов, Бугарија кој досега имал четири  настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, на 04 мај 2019 г.

Христо Христов е диригент чиј музички талент доаѓа до израз уште на 12 години, кога ја добива првата награда по пијано на Националниот музички конкурс во Чирпан. Дипломирал на бугарската национална музичка академија и се дообразувал по оркестарско диригирање кај проф. Карл Остерајхер (Австрија), проф. Курт Зандерлинг (Германија) и проф.Илја Мусин (Русија).

Лауреат е на меѓународните конкурси за диригенти: „Јехуди Менухин“ – 1989, „Прашка пролет“ – 1990, „Игор Стравински“ – 1991 година. Член е на повеќе интернационални жирија, а од 2021 година е претседател на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар, која го носи името на неговиот  предок, Гоце Делчев .

Прегледи:
549
Објавено на:
04.05.2021