Категории

Крај на проблемите: Скршениот екран на вашиот мобилен ќе може да се поправи сам по себе

Научниците од Универзитетот во Калифорнија во Риверсајд направиле материјал кој го коригира гребењето и оштетувањето на стаклата а со оглед на тоа дека е транспарентен и невидлив ќе може да се користи како екран на мобилните телефони.

Пукањето на екранот на мобилниот телефон е најголемиот страв на сите сопственици на скапи телефони, а вториот страв се длабоките гребнатини. Новиот материјал би го отстранил овој страв, бидејќи тој има способност да се поправи самиот по себе односно, во случај на кршење или оштетување, скршените делчиња ќе се состават сами по рок од 24 часа.

Материјалот е направен од растеглив, синтетички полимер и соли, чии делови меѓусебно се поврзуваат со јонско-дипол врска, која настанува помеѓу јоните и молекулите на дипол. Кога материјалот ќе се скрши, изгребе или оштети, јоните и молекулите меѓусебно се привлекуваат и се составуваат повторно во првобитната состојба.

Лидерот на тимот, д-р. Ванг Чао, предвидува дека овој материјал за изработка на телефони ќе започне редовно да се употребува до 2020-тата година.

– Самосоставливиот материјал можеби изгледа далеку од вистинската употреба, но верувам дека за многу кратко време ќе се појави во мобилната индустрија. За три години, се повеќе самосотавливи производи ќе започнат да се појавуваат на пазарот и тие ќе го променат нашето скеојдневие – смета Ванг.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
424
Објавено на:
06.04.2017