Категории

Кралицата Летиција воодушеви во нежно розов фустан во Хавана

Шпанската кралица во последно време ги обожава розовите комбинации

Модниот стил на кралицата Летисија може да се опише како беспрекорен, но и со мало поместување на границите на кралскиот дрес код поради што нејзиното височество секогаш ги добива сите пофалби.

Шпанската кралица на приемот во шпанската амбасада во Куба, каде моментално престојува со сопругот, кралот Фелипе VI, избра романтичен розов фустан од брендот Маје и кој го носи името Роани.

За службениот прием, кралицата го избра овој модел на фустан изработен од прозирна органза под кој се наоѓа уште еден дел во стил на slip фустан, а целокупниот изглед го заокружи со розови потпетици, минималистички накит и појас околу половината.