Категории

КРАЛОТ НА ОВОШЈЕТО НЕМА ШТО НЕ ЛЕЧИ: ТОКМУ ПОРАДИ НЕГО АЗИЈАТИТЕ СЕ ТОЛКУ ЗДРАВИ!

Може да се јаде свеж или да се свари. Големото семе пак коешто се наоѓа во срцето на плодот исто така може да се јаде, но само сварено или печено, додека кората на ова овошје е прекриена со боцки.

Обожуваната овошка во земјите на југоистокот на Азија се нарекува дуриан. Има одвратен вкус, уште полош мирис, но го има токму “она нешто” поради што со право го нарекуваат “крал на овошјето”. Всушност, како неговите нутритивни вредности имаат многу малку овошја на планетата.

Плодот на оваа блика е неверојатно хранлива во однос на поголемиот дел од овошјето коешто расте ширум светот. Расте во тропските делови и главно може да се најде во Индонезија, Тајланд и Малезија.

Дурианот има сосема поинаков вкус во однос на било кое друго тропско овошје коешто го познаваме. А ако веќе треба да се прецизира неговиот вкус – тој претставува мешавина од лук, карамела, сирење и бадеми, значи сето тоа заедно!

Веќе од тоа може да се заклучи дека вкусот му е многу специфичен, такашто ова овошје луѓето коишто го пробале или го обожуваат или го презираат, рамнодушни нема.

Дурианот може да се јаде свеж или сварен, а големото семе во срцето на плодот исто така може да се консумира, но само варено или печено. Кога се работи за неговиот мирис, и тука природата не била нешто особено дарежлива. Па оние коишто го пробале дурианот со сигурност добро го почувствувале неговиот интензивен мирис. Исто така, и тука како и кај вкусот, мислењата се поделени – или ќе го обожувате или ќе го презирате!

За некои, мирисот на дурианот е прифатлив, додека за голем дел од луѓето неговиот мирис е крајно непријатен и потсетува на мирис на кромид, канализација и сулфур – во едно. Токму затоа, ниту мирисот ниту вкусот на дурианот не се препорачливи за луѓето со чувствителен желудник кои никогаш не се обиделе да експериментираат со храната којашто поседува невообичаена арома.

За популарноста на оваа овошка во земјите во југоисточна Азија доволни се примерите за производи од дуриан. Додека во Сингапур има статус на национално овошје, во Малезија од него се прават палачинки и макарони, на Филипините бомбони и сладолед, а мус торта и крем колачи на Брунеите. Во Индонезија пак, луѓето го сакаат печениот дуриан во тесто од цело зрно пченица, додека Виетнамците зачекориле и чекор подалеку во однос на сите останати, па прават кондоми со вкус на дуриан!

Нутритивните вредности на оваа билка се просто феноменални. Еден дуриан со просечна големина има околу 26 грама масти, 132 грама јаглени хидрати, 9 грама влакна и 4 грама протеини. Освен ова, изобилува со витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), витамин Ц, манган и калиум, а се наоѓаат и траги од бакар, фолна киселина и магнезиум. Ова овошје има значајни количества од моќни антиоксиданти како што се антоцијанините, каротеноидите, полифенолите и флавоноидите.

Во традиционалната медицина, дурианот се користи како природен лек за болести како што се зголемената телесна температура и различните кожни заболувања. Меѓутоа, неговите лековити својства треба дополнително да бидат истражени.

И како и секое друго овошје на планетава, ова може исто така да се користи како превенција за намалување на ризикот од рак, благодарение на високата содржина на антиоксиданти. Дурианот го инхибира развојот на клетките на ракот со својата способност за неутрализирање на слободните радикали во човечкото тело.

Исто така се смета како значаен и во превенцијата на срцеви болести, бидејќи може да го намали нивото на холестеролот. А како што е исклучително богат со витамин Ц, дурианот е одличен природен лек за превенција од мозочен удар, бидејќи поседува моќ да го намали ризикот од зацврстување на артериите. Неговиот низок гликемиски индекс пак помага да се стабилизира нивото на шеќерот во крвта.

Освен сите овие благодети на кралот на овошјето, за дурианот се тврди дека има и исклучително афродизијачко дејство.

Прегледи:
840
Ознаки:
·
Објавено на:
24.09.2016