Категории

КРАЛСКА СИНА – бојата која ќе ја одбележи оваа сезона

Кралската сина боја е вистинско олицетворение на луксуз, елеганција, отменост, став и самоувереност. Дамите кои ја носат оваа боја секогаш оставаат впечаток на цврсти и моќни фигури.

Кралската сина е вистински симбол на студената сезона, па така припремете се за нејзина вистинска доминација оваа есен и зима.

Како најголем тренд кој го поставија престижните модни куќи за оваа сезона се палтата, капутите и блејзерите. Особено популарни се и женските одела како и парчињата од материјал кадифе кои посебно неодоливи. Оваа богата нијанса можете да ја комбинирате со црна, бела, посветла нијанса на сина а доколку сакате да постигнете color block ефект можете да ја комбинирате со црвена или жолта.

Прегледи:
3357
Објавено на:
19.09.2017