Категории

Креативен кревет за три девојчиња – Генијален DIY проект на една мајка

Пандемијата ги инспирира многу луѓе да се фрлат на DIY активности во домот. Така настана и овој проект на една мајка на четири деца.

На фејсбук, популарната група DIY On A Budget Official која е посветена на DIY ентузијасти од ширум светот, луѓето имаат можност со другите членови да споделуваат успешно реализирани проекти.
Групата моментално има преку два милиони членови и постојано расте. Меѓу нив навистина има импресивни потфати, а неодамна еден проект на една мајка особено привлече внимание.

Нејзиното име е Ники Драјкот а на фотографиите кои ги објави се гледа како ја уредила собата на за три ќерки. На илјадници фејсбук корисници реагирале позитивно гледајќи колку креативност вложила во уредувањето на собата. Во фокусот е креветот на спрат за девојчиња како и други детли.

Со цел да им овозможи и на другите да создадат слично опкружување за своите најмали, Ники направи список на нешта кои се вклучени во изработката споделувајќи го секој детал и цената на секој артикл со цел да им излезе во пресрет на новите DIY авантуристи.

Триделниот кревет е направен од три засебни кревети складно споени во една целина. Нејзините ќерки учествувале во осмислувањето на дизајнот и истакнале дека сакаат розева цветна соба.

Прегледи:
759
Објавено на:
29.11.2020