Категории

КРЕМАСТИ КОЦКИ: Вкусни кремасти колачи кои се јадат во еден здив

Десерт за секоја пригода!

Состојки:

  • 600 мл млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 3 лажици шеќер
  • 100 гр крем
  • 70 гр црно чоколадо
  • 4 чоколадни бананчиња
  • 36 парчиња бисквити по ваш избор
  • 200 мл млеко за натопување на бисквитите

 

Подготовка:

Измешајте го пудингот, шеќерот и 100 мл ладно млеко, а преостанатото млеко оставете го да зоврие. Кога ќе зоврие додадете ја смесата и мешајте додека не се згусне, а потоа тргнете од оган да се излади.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додадете го во оладениот пудинг, а потоа смесата поделете ја на 3 дела.

Во едниот дел ставете сецкани бананчиња и промешајте, во другиот крем и изматете, а во третиот додајте го растопеното чоколадо и изматете го и тој дел.

Наредете 12 бисквити натопени во млеко, потоа нанесете го саканиот дел, потоа повторно 12 парчиња бисквити, потоа делот што го сакате,  па третиот ред од 12 парчиња бисквити и третиот крем.

Одозгора можете да гарнирате со шлаг, стопено чоколадо, ореви или едноставно да завршите со третиот крем.

Оставете преку ноќ во ладилник неколку часа за да омекнат бисквитите, а потоа исечете на коцки и сервирајте.

Прегледи:
492
Објавено на:
19.12.2019