Категории

КРИМИ ХОРОСКОП: Вака би изгледало доколку сите 12 знаци заедно ограбуваат банка

Ваква би била приказната доколку сите 12 хороскопски знаци решат да ограбат банка.

Јарецот бил поставен на чело на една реномирана банка. Како директор, решил да дојде до поголема сума на пари.

Се јавил кај неговиот пријател Бикот кој еднакво ги цени материјалните добра и договорил состанок со него, а планот го пратиле кај Девицата за да направи детална стратегија.

Организацијата „Астро пантери“, која брои 12 членови, го спровела планот во дело.

Штотуку пуштен од затвор, Близнакот заедно со Вагата исценирал расправија со портирот на банката.

Во тој момент, Овенот пристигнал одзади и го насочил оружјето кон сите присутни, додека кутриот Рак, како заложник, го „спакувале“ во багажникот на автомобилот.

Во автомобилот зад воланот чекал специјалистот за брзини – вештиотСтрелец. Рибите веќе се нашле пред трезорот, не се знае како и кога.

Пристигнала Водолијата со своите технолошки трикови да ја открие шифрата на трезорот.

Лавот за тоа време, ја следи целата акција од кровот на соседната зграда со снајпер во рацете.

Овенот и Скорпијата ги пакуваат парите, а Рибите ја користат ситуацијата, го земаат својот дел и бегаат заедно со Близнаците во непознат правец.

Девицата прецизно пресметала колкав процент од парите припаѓа на секој член од организацијата.

Шест месеци подоцна:

1 2

Прегледи:
667
Објавено на:
19.04.2016