Прекрасната сопруга на Џон Леџенд – Криси Тиген моментално е најпопуларната трудница во светскиот џет сет. Откако ја објави својата бременост во Октомври таа не пропушта прилика да заблеска каде и да се појави. Таа за својот труднички стил вели дека била инспирирана од Ким Кардашијан која е воедно и нејзина блиска пријателка. Криси која е само неколку месеци до породувањето вели дека со нетрпение го чека моментот кога таа и Џон ќе станат родители. Па погледнете ги нејзините топ стилски моменти во нејзината бременост, таа дефинитивно стана синоним за беспрекорност и совршенство.