Криси Тиген и онлајн брендот Revolve ги здружија своите сили и создадоа нова колекција. Криси е нивен долгогодишен обожавател, почесен гостин и домаќинка на нивните забави а сега доби и улога на дизајнер кој ќе креира колекции за младата генерација.
Резултатот од соработката е ‘капсула’ колекцијата која се состои од 36 парчиња облека и аксесоари и наменета е за сите модерни и шик дами кои имаат стил, баш како и таа. На прв поглед се забележува нејзиниот личен’допир’ – едноставна и елегантна облека која може да се комбинора со сите други парчиња од вашиот плакар па можете да креирате повеќе различни стајлинзи.
Суптилната доза сексипил не беше заобиколена, па така во колекцијата доминираат slip фустани, bustier-ри и боди..
“Сакав да креирам преубави, класични парчиња кои се истовремено секси и удобни. Палетата е неутрална и парчињата можат да се комбинираат со сите останати од вашиот плакар а тоа беше мојата примарна цел, со оваа колекција секоја дама да може да направи безвременски изглед. Суштината е да се чувствувате самоуверено и секси”, изјави Криси.