Категории

Кристијано Роналдо го фрли микрофонот на новинар во езеро

Очигледно тоа што на Кристијано Роналдо не му оди на Европското првенство во фудбал го направи навистина нервозен, па кога еден новинар се приближи да го праша за изјава, фудбалерот му го фрли микрофонот во езерото.

Имено, новинарот Диего Торес од “CMTV” проба да направи интервју во живо со Португалецот, пред натпреварот со Унгарија од групата Ф, кога се случи инцидентот.

“Го прашав Роналдо дали се подготви за натпреварот”, изјави Торес и додаде: “Тој не одговори. Само го грабна мојот микрофон и го фрли во езерото”.

“Не сум сигурен зошто го направи тоа. Мислам дека беше моментална одлука. Мислам дека не би го направил тоа ако имаше време да размисли. Ние сме голем весник во Португалија и пишуваме многу за него. Можеби нешто од тоа не му се допаднало. Но, не беше ништо лично”, вели новинарот кој сѐ уште не добил извинување ниту од Роналдо, ниту од тимот.

Торес исто така додаде дека патувале во ист авион со играчите до Франција, а така и ќе се вратат, па останува да видиме дали ќе добие извинување од Роналдо.

https://www.youtube.com/watch?v=XZuNDpKqpZ0

Прегледи:
411
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
22.06.2016