Категории

Крцкав чизкејк со чоколадо и оризови снегулки

Пробајте го новиот рецепт за чизкејк што не се пече!

Кога станува збор за рецепти, никогаш не ни е доволно од нови слатки за да ги послужиме најблиските. Најдобри се оние за кои не е потребно многу време и не бараат печење. Дознајте подолу како да направите ваков чудесен чизкејк!

 

Состојки:

  • 30гр. несолен путер
  • 300гр. мачмалоу
  • 180гр. оризови снегулки
  • 230гр. полуслатка чоколада
  • 60мл. слатка павлака
  • 450гр. крем сирење, омекнато
  • 100гр. шеќер
  • 1 лажица ванила
  • 600 мл. шлаг
  • 100гр. чоколадо за украсување

 

Подготовка:

Во поголем сад, растопете го путерот. Додадете го мачмалоуто и мешајте додека не се растопи целосно. Потоа додадете ги крцкавите оризови снегулки и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Додека смесата е сè уште топла, префрлете ја во претходно подмачкан калап. Смесата распоредете ја рамномерно на дното и страните на калапот.

Измешајте го чоколадото со слатката павлака и растопете го на пареа.

 

Во поголем сад измешајте го крем сирењето, шеќерот и ванилата. Додадете ја растопената чоколада и измешајте убаво сè заедно додека не се соединат состојките. Од изматениот шлаг издвојте 90гр. и додадете во оваа смеса и промешајте. Истурете ја целата смеса над снегулките од оризот и израмнете ја. Целата торта ставете ја во фрижидер минимум 3-4 часа, или преку ноќ.

Со останатиот шлаг, украсете го колачот по желба, а врз него ситно изрендајте го чоколадото.

 

Уживајте!

Прегледи:
971
Објавено на:
01.01.2020