Категории

Крваво море: Застрашувачки масакр на китови и делфини на Фарските Острови

Рибарите на Фарските острови мината недела го изведоа годишниот масакр на китови кој воедно претставува долговековна традиција во Данска, позната под името „grindadráp“. Уште еднаш успеаја да го шокираат светот со оваа ужасна традиција. Околу 130-150 китови и 10-20 бели делфини беа брутално убиени на овој годишен лов.

Локалното население на овие острови во северна Европа ги мамат пилот китовите во плиткиот дел од водата, а потоа влегуваат во водата и почнуваат да ги убиваат животните со харпуни и ножеви.

Луѓето кои стоеле наоколу ги фотографирале стотиците мртви тела на морските цицачи кои лежеа на плажата додека од нивната крв морето се претвораше во црвена боја.

Организацијата за заштита на живиот свет во морињата „Си шепард“ ги забележала овие сцени во кои китовите се обидуваат да побегнат опкружени со бродчиња кои ги насочуваат кон брегот.

Рибарите кои ги ловеле китовите воопшто не делувале вознемирено, бидејќи тоа го сфаќаат како вообичаена активност, па во текот на масакрот се смееле и шегувале.

Околу 800 китови годишно се убиваат од луѓето на Фарските Острови кои се користат како храна на локалните жители кои живеат од месото на морските цицачи. Секој кит на локалното население му обезбедува неколку стотици килограми месо, каде што уловот се дели меѓу локалните жители без било каква размена на готовина.

Научниците проценуваат дека популацијата на пилот китовите во источниот дел на Северниот Атлантик е околу 778.000 китови, а околу 100.000 од нив се на Фарските Острови. Локалнит рибари ловат во просек 800 пилот китови годишно. 

Сепак, оваа традиција во светот е прифатена како една од најстрашните традиции кои постојат, со надеж дека ќе биде забранета што побргу.