Губењето на долгогодишен пријател е тешко, а таа тага ја чуствуваат и животните.
Па така и овој златен ретривер откако го изгубил својот прител, 15 годишен мачор, кој морал да биде успиен заради рак на тироидната жлезда, паднал во депресија.
Неговиот сопственик Jen Philion, решил да земе друго маче со надеж дека ќе му помогне и дека ќе го расположи тажниот Forsberg, кој го барал својот пријател насекаде.
Новото маче во домот вродило со успех, полека Forsberg го прифатил и сега после една година се неразделни.