Копче е местото познато по уникатната „second hand“ облека по најповолни цени. Копче претставува мост помеѓу хуманоста, достоинството, трудот, екологијата. Токму затоа, овој проект кој е основан од Црвен Крст на Република Македонија, постојано излегува во пресрет на граѓаните, нудејќи облека со одличен квалитет, но овој пат станува збор за ново изненадување од страна на Копче во вид на персонализирани еколошки торби.
View this post on Instagram
Новите персонализирани еколошки торби може да си ги купите за себе или да ги подарите некому, а со тоа да допринесете за зачувување на животната средина.
Концептот во Копче, меѓу другото, е да се зачува животната средина преку:
• Не фрлање алиштата кои се тешко разградливи и ја уништуваат планетата;
• Kористиње еколошки торбички наместо пластични кеси при купување.
View this post on Instagram
Со секоја купена еколошка торба следува гратис ваучер со кој добивате 15% попуст на секое Ваше следно купување се до 31.12.2019 година.
Посетете ја продавницата на Копче и изберете еколошка и персонализирана торба.