Категории

La dolce vita во режија на Dolce&Gabanna

Најновата рекламна кампања снимена за колекцијата есен/зима 2016 не води во прекрасниот Неапол.
Долже и Габана не престануваат да се инспирираат од прекрасните италијански пејсажи и „слаткиот живот“. Во нивната најнова рекламна кампања тие не носат во јужниот дел на Италија каде што нивните креации совршено се совпаѓаат со архитектурата..
Кампањата ја сними фотографот Франко Пагети кој инаку е еден од познатите фотограми кој се занимава со репортажи од војната на блискиот исток.

Dolce-Gabbana-Fall-Winter-2016-Campaign03-768x513 Dolce-Gabbana-Fall-Winter-2016-Campaign05-790x527

„Во Неапол живеат најдобрите луѓе на светот и поради тоа за снимањето ја избравме токму оваа локација“, изјави модната куќа.. „Животот овде е сеуште како во педесеттите, не е многу променет и сеуште живее со посебен шмек.“ Тој шарм одлично се отсликува преку малите тесни улици, локалните кафе барови, продавници и живописните плоштади кои му даваат на градот автентичен дух. Шарено, динамично, во стилот на Долче и Габана..

DolceGabbana-FW16-Franco-Pagetti-03

Dolce-Gabbana-Fall-Winter-2016-Campaign01-768x513

Прегледи:
233
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
23.06.2016