Руските богаташи се познати по тоа дека сакаат да го покажуваат своето богатство пред целиот свет, а особено кога станува збор за вака убав повод.
Па така, рускиот милијардер Самвел Карапетијан го ожени својот син Саргис, а свадбата, според пишувањето на медиумите, чинела 2 милиони долари.
На младенците, Саргис и неговата избраничка Саломе Кинцурашвил, им свирше американскиот бенд “Maroon 5”, кој заработи околу 500 и 800.000 долари од оваа “тезга”.
Невестата наводно носела три фустани за време на свеченоста, а накитот на неа е вреден околу 200.000 долари. Убавата невеста ја носеше и тијарата која Кари Малиган ја носеше во филмот “Great Gatsby”.
https://www.youtube.com/watch?v=9uNMuL8-lCg