Категории

Ладен чизкејк со чиа семе и манго (РЕЦЕПТ)

Ладниот чизкејк со чиа семе и манго е совршен десерт!

Има само 297 калории, вкусен е и можете да го направите за помалку од 20 минути. Проверете го рецептот.

Дали некогаш сте јаделе ладен десерт сервиран во тегла? Овој десерт може да го направите за помалку од 20 минути без да ја користите рерната. Вкусното изненадување во овој рецепт дефинитивно ќе биде чиа семето, кое поради неговите здравствени својства е вклучено во таканаречената супер храна.

 

Додаден бонус е многу ниската калорична содржина – само 297 калории!

 

Состојки за 4 порции:

  • 5-6 лажици чиа семе
  • 1 чаша растително млеко (од бадем, соја)
  • 1 зрело манго
  • 500 гр. сирење
  • 2-3 лажици шеќер во прав
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица кора од лимон

 

 

Подготовка:

  1. Прелијте го чиа семето со топло млеко или вода. Процедете го по некое време.
  2. Излупете го мангото, направете каша и измешајте.
  3. Изматете го сирењето со шеќерот во прав и екстрактот од ванила.
  4. Додадете го чиа семето и кората од лимон. Полека измешајте. Истурете го во тегли.
  5. Врз тоа додадете го пирето од манго. Оставете го во ладилник убаво да се излади.
Прегледи:
478
Објавено на:
21.01.2020