Категории

Лав динамичен,Рак безопасен: Со каков темперамент е вашиот знак?

Близнаци, Вага, Водолија

Воздухот не се гледа, а секаде е околу нас…го вдишуваме, го чувствуваме, а најмногу го споредуваме со ветерот. Во воздухот се наоѓаат разни честички, со воздухот многу тоа се пренесува, а притисокот и влагата во воздухот влијаат на нашето здравје и расположение.

Луѓето на воздухот се најчесто интелектуалци, ги води мислата, разбирањето и знаењето. Многу се активни на менталниот план, сакаат да учат и брзо сфаќаат, а често се создавачи на нови идеи. Многу се друштвени, сакаат да разменуваат мислења и даваат информации, комуникацијата им е на прво место.

Големи креативци се и обично добро се снаоѓаат во реализација на она што го замислиле. Им недостасува постојаност, имаат разновидни интереси, па се впуштаат во повеќе подрачја на површен начин. Во главно се пријатни, но не се многу доверливи-или премногу зборуваат или даваат впечаток на неозбилност. Тие се вечни деца и баш тоа им помага лесно да влезат во светот на фантазија.

Бидејќи интелектуалниот план им е изразен често ги наоѓаме во подрачјето на изумите, создавање на нови теории и научни истражувања.

Близнаци можеме да ги споредиме со ветре кое се поигрува, што може да биде и малку провокативно, можеби дури и иритирачки.

Вага претставува мирно ветре, дури и потполн мир во воздухот, давајќи чувство на угодност и склад.

Водолија е разигран ветер, со кој никогаш не се знае, бидејќи доаѓа ненадејно, повремено дивее и вознемирува.

Рак, Шкорпија, Риба

Нашата планета се состои голем дел од вода, како и нашиот организам. Животот е започнат од вода, а таа и не одржува во животот. Недостаток на вода доведува до сушење, изумирање на се, а премногу вода може да направи голема штета и разурнување. Секоја крајност делува катастрофално. Луѓето вода се интуитивни, чувствителни, некогаш и премногу чувствителни. Низ животот се водат со чувства и внатрешна сила. Нивните реакции се пасивни, во главно се во улога на набљудувачи кои собираат впечатоци. Недоверливи се и затворени, својата интима секогаш ја чуваат за себе.

Обично се полни со разбирање па знаат да слушаат туѓи проблеми, а одлично се снаоѓаат во улога на советници и рамо за плачење, многу сакаат да помагаат. Во некои ситуации знаат да бидат слаби, а лесно влегуваат и во депресивни расположенија. Кога ќе се препуштат на своите таленти, ги интересираат непознатите, не истражени патишта. Наклонети се кон мистицизмот и уметноста.

Не се амбициозни, не се силни ни во комуникацијата, но сакаат да создаваат и имаат посебен начин кога го изразуваат тоа. Со делата се искажуваат највеќе, а имаат добра способност за уживање на работите и појавите кои ги опкружуваат.

Рак е езеро, кое е мирно и изгледа безопасно.

Шкорпија е река која носи се пред себе, особено кога ќе надојде од обилните дождови.

Риба симболизираат море со таинствени длабочини…

1 2

Прегледи:
848
Објавено на:
18.05.2016