Категории

Лавот е агресивен, а Јарецот сака сѐ да контролира: Како се однесуваат хороскопските знаци кога се несреќни

Прочитајте како се однесуваат хороскопските знаци кога работите не им одат онака како што замислиле или кога се несреќни во врска.

Овен

Почнуваат да ве исклучуваат од секојдневниот живот, иако не сакаат да зборуваат за тоа додека соочувањето со проблемите не стане неизбежно. Кога е заљубен Овенот, со партнерот сака да подели ситни и смешни детаљи од својот живот и сака да знае сѐ што се случува со вас. Овните се директни кога се работи за нивните намери. Ако се најдете во ситуација да се запрашате дали се случува нешто лошо во вашата врска, најверојатно веќе имате проблем.

Бик

Кога се несреќни силно се трудат нивниот живот и врска привидно да изгледаат среќно. Трудот кој го вложуваат за на социјалните мрежи да создадат привид на фантастичен живот или во уредување на својот животен простор ќе биде што подрастичен во зависност од тоа колку се несреќни. Колку повеќе се незадоволни, толку повеќе ќе се потпираат на туѓата перцепција.

Близнаци

Близнаците потполно ќе се изгубат, ќе бидат деконцентрирани и ќе се грижат за сѐ освен за врската во која се несреќни. Ќе се мачат на работа, ќе плачат без причина, сѐ поради тоа дека не знаат да се носат со фактот дека се навистина несреќни. Близнаците нема да прикриваат дека се несреќни, но ќе бидат многу неодлучни. Ќе се обидат да го препишат своето незадоволство на сѐ останато во животот, освен на љубовта. А тоа ќе го прават сѐ додека не се најдат во ситуација да мора да се соочат со она што се случува.

Рак

Кога се несреќни стануваат ситничари. На пријателите им раскажуваат колку се несреќни, малку се и пасивно-агресивни и прават сѐ само да се ослободат од лошите емоции, освен соочување со она што ги мачи. Раковите се родени љубовници, а кога слатката љубов ќе се претвори во горчина, тоа е сигурен знак дека Ракот е многу несреќен.

Лав

Најпрво се агресивни, а подоцна игнорираат сѐ околу себе. Лавовите кои се несреќни се многу брутални, со оглед на тоа дека нивната самодоверба произлегува од нивното гледање на самите себе. Кога нешто во нивниот живот не е во склад со нивното мислење за себе, стануваат многу несигурни, влегуваат во расправии со луѓето околу себе и на крај се откажуваат од сѐ и се обидуваат да продолжат понатаму.

Девица

Ако сѐ во нивниот љубовен живот не е балансирано и се чувствуваат несреќно или несигурно, ќе се занимаваат со сѐ само да го оттргнат вниманието од она што навистина ги мачи. Девиците се страствени по природа, но и параноични. Па иако на површина се чини дека се мирни и сталожени, ако премногу се замараат со нешто, верувајте тоа значи дека нешто не е во ред.

Вага

Ако не се среќни во врската, Вагите почнуваат да го посветуваат своето внимание на работата. Вагите се големи љубовници, но и работохоличари. Имајте на ум дека Вагите се знак на рамнотежата, па кога некој дел од нивниот живот не е балансиран, тие ќе направат сѐ да се вратат во нормала.

Шкорпија

Шкорпиите одбиваат да се однесуваат како да се во врска и почнуваат да се нервираат поради работи кои воопшто не се поврзани за нивниот проблем. Шкорпијата е најинтензивниот знак во хороскопот и кога се несреќни во врската тие едноставно не се способни долго да го игнорираат проблемот или да преправаат како сѐ да е во ред. Нивното интензивно чувство и неспособноста да се носат со него бргу ќе излезе на виделина.

Стрелец

Во врската во која се несреќни стануваат пасивно-агресивни. Имаат испади кои како да доаѓаат одеднаш и тоа врз луѓе кои немаат врска со нивниот љубовен живот. На површина и понатаму се духовити, симпатични и полни со енергија, но тоа не значи дека можат долго да молчат за нештата кои ги мачат.

Јарец

Кога се несреќни, Јарците се обидуваат да контролираат сѐ во животот. Размислуваат за тоа што ги мачи, за да го решат проблемот, но во поголемиот дел од случаите кога еднаш ќе се почувствуваат во животот несреќни, нема назад – врската не може да се спаси, само се одолговлечува неизбежното. Многу им пречи кога немаат јасна слика за себе и својата врска, а ако се чувствуваат несигурно или несакано уште повеќе ќе се потрудат да го поправат она што не е во ред.

Водолија

Влегуваат во врска со големи, грандиозни соништа и цели и навистина се обидуваат да ги остварат. Се преселуваат во друга земја, започнуваат нова работа или други импресивни подвизи. Водолиите се многу амбициозни луѓе ориентирани на работа, а кога се несреќни во врската, имаат тенденција својата енергија да ја насочат кон остварување на зацртаните цели. Клучниот показател дека се потајно несреќни е кога немаат време за својот партнер бидејќи се бават со кариерата.

Риби

Рибите сакаат слобода, инаку тие сакаат да искусат сѐ што им нуди животот, а кога се несреќни во врската одеднаш највеќе ги занимаат авантурите во кои сакаат да видат што се случува во светот. Во моментот кога Рибата ќе започне повеќе да се бави со светот и новите искуства, а помалку со вас и вашите заеднички соништа, бидете сигурни дека нешто не е во ред.

Прегледи:
604
Објавено на:
22.10.2021