Категории

Лазаров ја предводеше Барселона до нова победа во ЛШ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров ја предводеше Барселона до деветтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите. Каталонците, овој пат славеа над унгарскиот вицешампион ПИК Сегед со 30:25 (11:11).


Лазаров беше најдобриот поединец во редовите на каталонскиот тим со шест погодоци. Шест гола постигна и Жалуз, а со пет погодоци во дресот на Барселона мечот го заврши Сигурдсон. По овој триумф Барса, се издвои на врвот од табелата во Групата Б со 19 бода, два повеќе од второпласираниот Киелце. ПИК Сегед е трет со 15 бода, колку што има и Рајн Некар Левен, додека Вардар е на петтото место со 14 бода.

Прегледи:
426
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
21.02.2016