Категории

„Ледено миење“ – новитетот против подочњаци и надуеност кој сите жени го практикуваат

Ви откриваме нова тајна

Дури и Кејт Мос го користи овој трик за нега на кожата на лицето, дали сте спремни да го испробате?

Кејт Мос и ден денес важи за еден од најголемите супермодели, покрај Наоми Кембел, Синди Крафорд и останатите членки на „супер петорката“, иако повеќе не се бави многу со мода, а и покрај тоа таа и понатаму успева да изгледа младолико како воопшто да не се менува во изминатите неколку децении.

Веруваме дека Кејт користи козметика и посетува козметички третмани, но на прашањето како успева да изгледа толку млада без оглед на нејзините години, и стресот кој го допринесува работата со која се занимава, манекенката одговори дека за тоа е заслужно студеното миење, односно ледената „купка“ за лице.

Таа призна дека религиозно го применува овој трик кој дава инстант резултати особено кога се во прашање подочњаците и надуеноста како и затегнување на ситните линии и добивање на природен сјај и затегнато мазно лице.
Се што треба да направите е наполните сад со студена вода и дадодадете коцки мраз и неколку кришки краставици. Следниот чекор е едноставно да го натопите лицето односно да „нурнете“ во садот и да го држите здивот неколку секунди, постапката се повторува неколку пати.

Прегледи:
531
Објавено на:
09.11.2019