Категории

Лекции за љубовта кои мајките треба да ги пренесат на своите ќерки

Во животот постојат лекции на кои можат да не научат само нашите мајки.

Некои од нив се поврзани со романтичната љубов бидејќи сепак мајките имаат повеќе искуство во таа област од своите ќерки.

Па затоа мајки прочитајте на што би требало да ја научите вашата ќерка за да биде среќна, задоволна и да има самодоверба.

1. Ти си доволна

Ако постои една порака која секоја ќерка треба да ја слушне од својата мајка тоа е токму оваа. Да знае дека е доволна, дека никогаш не треба да се менува за да биде сакана.

Да знае дека ако некој се обиде да ја увери во спротивното не е вистинска личност за неа.

2. Не можеш да добиеш почитување од друг, ако ти прво не го дадеш

И тоа се однесува за се не само за љубовта.

Научете ја дека ако бара почитување мора прво и да го покаже.

3. Немој да се изгубиш себе си во врската

Објаснете и дека кога ќе се вљуби не смее да заборави која е. Врската не смее да ја спречи да го живеете животот кој го заслужува.

Затоа научете ја вашата ќерка да ги задржи своите интереси, пријатели и сопственото време. Сето тоа и е потребно за да има среќен живот, да се чувствува исполнето без разлика дали врската ќе и потрае или не.

4. Посвети внимание на зборовите и однесувањето на партнерот

Тоа може да ја спаси од скршено срце.

5. Влези и остани во врска само од вистински причини

Мајките мораат да ги научат своите ќерки дека вистинската љубов значи приврзаност, несебичност и великодушност.

Ако тие квалитети ги нема во врската не би ни требало да остане во неа.

Осаменоста, повторното преживување на минатото, притисоците од надвор и заедничките пријатели не се причини да се остане со некого во врска.

Немојте да чекате вашата ќерка да доживее криза па да и дадете совет. Помогнете и да научи како да ги препознае знаците кои и кажуваат дека не би требало да биде со некого во врска.

6. Знај што сакаш и остани верна на тоа

Понекогаш врската од надвор може да изгледа совршено, но навистина да не е се така убаво. Можеби таа дава премногу, а не добива исто за возврат.

Кажете и да сфати што сака и да не се откажува од остварувањето на тие желби за да знае да го реши проблемот или да продолжи понатаму.

7. Скршеното срце носи нешто добро

Никогаш нема да и се попотребни совети и утеха од тогаш кога ќе и биде скршено срцето. Кажете и дека е ок да чувствува болка, но дека прекинот на врската може да биде лекција.

Кога ќе ја изгуби љубовта жената може да научи за сама себе многу повеќе отколку во било која друга ситуација.

Начинот на кој се однесува со своето прво големо раскинување ќе ги обликува сите понатамошни врски. Тоа ќе ја научи што сака да прифати и како и кога треба да се откаже.

Прегледи:
464
Објавено на:
27.10.2016