Категории

Лесни промени во навиките кои ќе ви го подобрат здравјето

Инвестирањето во добро здравје е најдобрата инвестиција што може да ја направите. Но, како да започнете со инвестирање во подобро здравје? Еве неколку ситни и лесни промени на навики кои што ќе ви помогнат во овој чекор.

1.Јадете помалку месо.

Не мора сосема да го редуцирате, ако не можете да се откажете од него, но постепено намалувајте со консумирање на месо.

2. Јадете сезонски овошја и зеленчуци.

Сезонската храна му доаѓа најприродно на организмот да ја обработи и претвори во корисна енергија.

3. Контролирајте колку алкохол внесувате

На Балканот се вика дека „една чашка ракија се пие за здравје“. Иако контролираното количество на алкохол нема штетни последици по здравјето, неконтролираното има многу, вклучувајќи проблеми со телесна тежина, шеќер во крвта и проблеми со бубрезите.

4. Не прескокнувајте доручек

Сите наутро брзаме, излегуваме од дома во хаос, стигнуваме на работа и веднаш почнуваме со работа. Некои од нас забораваат да направат пауза за јадење во ова време, и додека да огладнат – дошло време за ручек. Не прескокнувајте го доручекот – тој е најбитен оброк во денот. Особено е добро за доручек да јадете нешто што споро се разградува и ви испушта јаглехидрати и протеини во долг период од денот – како овесни снегулки и јајца.

5. Движете се по малку, колку што можете почесто

Една работа која на сите здрави луѓе им е заедничка, е што движењето го интегрираат во секојдневните активности. Дури и да не вежбате, или да не вежбате редовно, сепак ви треба физичка активност. Пешачете или возете велосипед кога треба да појдете некаде (особено во вака пролетни денови). Качете се по скали наместо да одите во лифт. Протегнувајте се често, станувајте од столчето почесто – интегрирајте движење во секојдневието.

6. Пијте вода!

Пијте барем по 1.5 литри вода дневно. Постојат апликации кои може да ви помогнат да се потсетувате да пиете вода. Можете да ѝ цедите по малку лимон или лимета за забрзување на метаболизмот.

Прегледи:
634
Категории:
Здравје
Објавено на:
04.06.2020