Категории

Лили Роуз Деп е новото лице на легендарниот парфем Chanеl No.5

Новата муза на иконскиот бренд Chanеl – Лили Роуз Деп е новото заштитно лице на нивниот легендарен парфем Chanеl No.5.

maxresdefault
17 годишната ќерка на актерот Џони Деп веќе една година е амбасадор на брендот, таа сними неколку кампањи за нивната колекција очила за сонце и исто така неколку пати чекореше по пистата на hautе couturе ревиите, а наклонетоста на брендот ја претставува на црвениот тепих каде и да се појави носејќи нивни креации.
Лили беше именувана како заштитно лице на парфемот во Мај оваа година, па од тогаш таа работи напорно во докажување на својот карактер како новата Chanеl девојка. Видеото од кампањата конечно протече а гледајќи како таа ноншалантно го променува својот лик во кампањата повторно докажува зошто таа е вистинскиот избор. Мотото на кампањата е “You know me and you don’t.” повикувајќи се на нејзиниот талент да глуми повеќе ликови одеднаш што без сомнение е наследство од нејзиниот татко.

Прегледи:
354
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
30.10.2016