Категории

Лист од смокви – Помага при дијабетес, чир на желудникот и бронхитис

Лековитиот чај од лист од смоква помага при дијабетес, чир на желудникот и бронхитис.

Ако досега сте уживале само во благодетите на сочните и слатки плодови смокви, ви предлагаме да ги искористите и лековитите својства на нивните листови.

НУТРИТИВНИ СВОЈСТВА
Листовите смоква изобилуваат со антиоксиданси и влакна. Помеѓу другото, содржат и витамини А, Б1 и Б2, како и минерали калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Бидејќи плодовите не се препорачуваат на дијабетичари поради големата количина шеќер, листовите од смокви се ите како здрав и корисен дел која на оваа група на луѓе им помага да го регулираат високото ниво на шеќер во крвта.
Добрата вест е дека со конзумирањето на чај можете да спречите појава на дијабетес затоа што ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин.

Листовите од смоква особено се препорачуваат и за тегоби на уриналниот тракт и системот за варење.
Тие помагат да се намали високиот крвен притисок и триглицеридите, со што пружат додатна заштита на срцето и крвните садови.

View this post on Instagram

@gossipstyle

A post shared by @ atyourtaste on

СУШЕЊЕ НА ЛИСТОВИ
Во доцна пролет, лето или есен соберете здрави и целосни листови од смоква и распоредете ги на површина на која ќе ги сушите.
Сушете ги во сенка и на темно и прозрачно место. Исто така можете да ги заврзите и да ги сушите на високо место.
За да препознаете дали се исушени, ќе го направите тоа доколку се ронат помеѓу прстите.

ЧАЈ ОД ЛИСТОВИ ОД СМОКВА
Овој чај се препорачува да се конзумира еден месец секој ден, а потоа да се паузира неколку недели со цел повторната конзумација да има лековити својства.

РЕЦЕПТ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ
Две лажици суви листови смоква прелијте ги со 200мл. врела вода.
Покријте и оставете да одстои 10-15 минути. Исцедете. Пијте по една чаша од овој чај со појадок секое утро.

РЕЦЕПТ ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИКОТ
Секој ден прожвакајте два мали листови и голтнете ги. Освен што ќе помогнат кај чирот, ќе го освежат вашиот здив и ќе ги ублажат непријатните афти.

РЕЦЕПТ ЗА БРОНХИТИС
Гответе неколку листови од смоква со малку кафеав шеќер во врела вода.

Прегледи:
1150
Објавено на:
24.10.2020