Категории

Лојални пријателки и фатални заводнички: Откријте какви се жените родени во знакот на ЛАВ!

Лавиците се силни жени и добро се носат со својата моќ како и нивниот планетарен водач, Сонцето. Едно е сигурно, доколку некој се обиде да се поигра со нив или да ги излаже, нема добро да помине. Лагата е нешто што презираат. Ако некој се обиде да го поремети нивниот начин на живот или да ги повреди луѓето кои ги сакаат жените родени во знакот на Лав ќе им вратат три пати повеќе. Секогаш се тука за своите најблиски и својата помош ја делат несебично.

Таа е жена која ја краси прекрасна насмевка, силна интуиција, големо срце и способност сѐ да направи возможно. Некаде длабоко во себе сфаќа дека не постои нешто што не може да се направи и се мотивира да најде решение за секој проблем.

Таа умее да биде и деструкивна, да наметнува мислење и носи одлуки кои воопшто не и одат во корист. Лавиците се полни со живот, а нивниот ентузијазам и разиграност се заразни и секогаш се подготвени за забава.

„Родена сум слободна!“ е мотото на овој астролошки знак.

Љубов и секс

Лавиците се топли и полни со волја кога треба да ги изразат своите емоции и страсти. Лавовите се телесни суштества, а својата сексуалност ја искажуваат со голема доза самоувереност. Кога ќе и се допадне некоја личност, таа ќе оди до крај да го добие тоа што го сака.

Кога ќе се заљуби жената родена во знакот на Лав, нејзиниот свет се врти околу партнерот. Таа ќе му даде сѐ на партнерот, срце, душа и тело, без никакви ограничувања. Нејзината љубов е топла е полна со страст, подготвена да се бори, да прости, да води љубов и деновите да ги помине во прегратката на саканиот сѐ додека нејзината слобода не е загрозена.

Врска

Со неа секогаш е лесно да се биде во врска. Преголемото врзување секогаш оди во комбинација со преголемите очекувања, а таа умее да биде екстремно посветена. Во некои случаи, таа може да биде незаинтересирана или фокусирана на себе и својата кариера или на некои други луѓе во животот.

Само кога сака длабоко станува мила и топла Лавица која ја дава целата душа на својот партнер и семејството. Кога знае што сака, не постои ништо што ќе го промени нејзиното мислење. Не може да се нарече тврдоглава, но таа е жена со силна волја.

Прегледи:
692
Објавено на:
05.08.2019