Категории

Лоши навики кои доведуваат до пукање и кршење на ноктите

Доколку сакате убави и негувани нокти, никако не ги правете овие нешта

Грицкање
Покрај тоа што на овој начин внесувате во организмот секакви нечистотии кои се собираат под ноктите, ноктите ќе ви изгледаат неуредно и непривлечно.

Сечење заноктици
Заноктиците се тука со причина. Тие го штитат ноктот од бактерии. Никогаш немојте да ги сечите, туку после секое туширање поттурнете ги и се ќе биде под контрола.

Отстранување гел лак
Секое отстранување на гел лак може да ја оштети површината на ноктот ако се вади насилно. Затоа е подобро да го направите во салон отколку сами дома.

Користење на ноктите како алатки
Сигурни сме дека отварате кутии со помош на ноктите и секој пат ризикувате да ги оштетите, иако тоа умее да биде и болно.

Грубо чистење
Кога чистите под ноктите со некој остар предмет, не само што можете да ги оштетите туку и можете да предизвикате болно одвојување на плочката на ноктот од месото. Користете четкичка специјално за оваа намена.

Прегледи:
503
Објавено на:
07.02.2020