Категории

Лоши навики кои предизвикуваат опаѓање на косата

Сите имаме мали трикови со кои се служиме при средувањето на косата, но некои од нив можат неповратно да ја уништат косата.

Постојано косата ви е во пунџа

Доколку косата секој ден ви е подигната и затегната, таа ќе биде оштетена и сува што може да предизвика опаѓање. Пронајдете а фризурата која и се допаѓа, а да не подразбира носење ластиче за коса.

Препарати кои ги ставате пред фенирање

Ова е омилената грешка на жените кои пред вклучувањето на фенот ставаат лак на косата, масло и останати препарати. Лакот за коса содржи алкохол, а ако го загреете со фен, косата ќе се исуши и ќе биде кршлива.

Погрешен шампон

Косата треба да се измие со соодветен шампон. Жените со фарбана коса не би смееле да користат шампони кои во себе имат сулфат, додек токму таквите шампони треба да ги користат жените кои имаат масно теме и природна боја на коса.

Сушење со пешкир

Со овој трик се служат девојките кои имаат брановидна коса, но бидејќи мократа коса е исклучително чувтсвителна и лесно кршлива, оваа навика не се смета за исправна.

Сушење со фен

Веќе знаете дека претераното обликување на косата со фен и останати слични апарати влијае неповолно на здравјето на косата. Врвовите брзо се оштетуваат, а косата станува сува. Најдобро е косата да се исуши природно, а ако користите фен, заштитете ја косата со спреј за нега.

Регенератор

Често можеме да слушнеме дека регенераторите ја прават косата тешка и таа бргу се масти, но стручњаците сметаат дека е важно да одберете соодветен регенератор за својот тип на коса. Тој ја храни косата и ги негува испуканите врвови. Тој и е потребен на косата колку што е кожата на лицето.

 

Прегледи:
589
Објавено на:
04.06.2018