Категории

Љубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?

Не е новост дека кога одеднаш ќе се заљубиме, ние почнуваме да се однесуваме на сосема поинаков начин. Хормоните ни полудуваат, не можеме да заспиеме бидејќи во мислите сме со саканата личност, телото не ни бара храна и сè што ни е потребно е само неговото или нејзиното присуство. Па, како овие промени се манифестираат кај различните хороскопски знаци?

landscape-1451310348-hbz-astrology-week-index7

Овен

Овните се родени авантуристи и воопшто не ги интересира фактот што можеби едвај ја познаваат својата симпатија. Тие без двоумење ќе го направат првиот чекор. Иако се незаситни кога станува збор за љубовта, сепак истовремено се и грижливи љубовници.

Бик

Биковите се силни и мечтаат за вистинска љубов. Но, кога конечно ќе се заљубат, тие стануваат себични и најчесто не го делат своите внимание и љубов со оние кои не ги ценат и почитуваат. Во нивните очи, љубовта која ја поседуваат мора да биде „заработена“.

Близнаци

Близнаците се прилагодливи и пријателски настроени, но секогаш се водат според разумот, а не според чувствата и срцето. Без разлика колку се заљубени, тие никогаш нема 100% да се препуштат и постојано ќе одржуваат рамнотежа со цел да зачуваат малку мистичност во врската.

Рак

Раковите се максимално приврзани кога станува збор за нивното семејство и пријателите, но кога ќе се заљубат, тоа е за цел живот. Со оглед на тоа што се многу чувствителни, тие во љубовта наоѓаат утеха и лек за сè.

1 2 3

Прегледи:
1360
Објавено на:
28.03.2016