Категории

Љубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?

Лав

Можеби на прв поглед не делува така, но кога Лавовите се заљубуваат стануваат многу опседнати со својата сакана личност. Дури и во моментите кога тој/таа не е покрај нив, тие ќе размислуваат за нивната врска и ќе прават планови за иднината.

Девица

Девиците се познати по нивната самокритичност и премногу време трошат на размислување и барање грешки. Дури и кога чувствуваат пеперутки во стомакот, тие попрво би упатиле саркастичен коментар, отколку да го признаат тоа.

Вага

Вагите се создадени за уметност, убавина и хармонија. Тие сакаат да бидат среќни и добро да се забавуваат. Својата љубов и наклонетост ја покажуваат преку малите знаци на внимание со кои секојдневно одново го освојуваат својот партнер.

Скорпија

Страсните Скорпиите љубат безусловно и посесивно. Нивната љубов е голема, но и напорна доколку се во врска со личност која е спротивна на нив и не ја разбира нивната наклонетост. Тие можат да бидат навистина тешки за разбирање кога станува збор за љубовта.

1 2 3

Прегледи:
1360
Објавено на:
28.03.2016