Категории

Љубов на прв поглед: Како се однесува вашиот хороскопски знак кога е лудо заљубен?

Стрелец

Стрелците, воглавно брзо се заљубуваат, но и брзо се „ладат“. Доколку кај некоја личност најдат нешто што им се допаѓа, спремни се за авантура. Меѓутоа, тоа не значи дека се промискуитетни и дека неможат да остварат долга и квалитетна љубовна врска. Нив е само тешко да ги „фатиш“, но оние кои успеале ќе бидат повеќекратно наградени.

Јарец

Јарците се одговорни и озбилни, па на истиот начин ја сфаќаат и љубовта. Кога се заљубени, тие ќе се потрудат сите аспекти од нивната врска совршено да функционираат. Иако делуваат ладно, во суштина не се такви и врската никогаш не ја земаат здраво за готово.

Водолија

Водолиите се заљубуваат во оној момент кога најмалку го очекуваат тоа. Кога се заљубени, сè им изгледа убаво и совршено, бидејќи за нив љубовта е главната движечка сила во светот. Ако ги прашате нив, едноставно не постои нешто подобро за доживување.

Риби

Емотивните и чувствителни Риби секогаш размислуваат за другите. Токму затоа и во врската се посветени и никогаш не би ја предале личноста со која се. Нивната чувствителна природа понекогаш може да ги спречи да ги остварат личните цели.

1 2 3

Прегледи:
1360
Објавено на:
28.03.2016