Категории

Љубов во време на корона: Забавни нешта кои можете да ги направите со партнерот додека сте во изолација

Ви споделуваме неколку идеи како да ја зајакнете вашата љубов за време на изолација

Паровите ширум светот се соочени со истиот проблем, благодарение на корона вирусот. Во време кога сите културни и друштвени случувања се откажани, ви недостигаат идеи што да правите дома. Но не дозволувајте тоа да ви го расипе вашиот однос и романтичните чувства.

Ви споделуваме неколку креативни идеи како да го поминете времето за време на изолацијата:

Кулинарски двобој
Пронајдете рецепт кој ви се допаѓа и на двата, подгответе две места за подготовка на рецептот, сите потребни состојки, одредете временски рок и започнете со натпреварувањето – кој подобро ќе го подготви истото јадење. Секако, може да следи вечера со свеќи и споделување на кулинарските тајни.

Тестови на личноста
На интернет можете да пронајдете многу забавни тестов на личноста, секој да ги реши за себе и секако да ги споредите резултатите. Можеби ќе научите нешто ново еден за друг кое порано не сте го знаеле. Ако вашиот однос моментално не е во најдобра фаза, обидете се да одговорите на тест со 36 прашања на New York Times за кој тврдат дека буди искри и љубовни чувства.

Кампување
Разбудете го детето во себе. Од перници, ќебиња и парчиња мебел направете си тврдина или поставете шатор во дневната соба, ако го имате. Внатре во вашето скривалиште можете да замислите дека сте насреде дива природа, да зборувате или да раскажувате приказни, да јадете сендивичи и да пиете кафе од термос.

Прегледи:
549
Објавено на:
28.03.2020